Принцезата Шарлот денес ќе го прослави својот прв роденден, а по повод овој специјален ден, британското кралско семејство сподели четири фотографии од малото девојче.
Официјалните фотографии беа објавени на профилот на Кенсингтонската палата на Twitter, а се направени од војвотката Кетрин во нивниот дом во Норфолк.
На фотографиите, малата принцеза носи креации во светли бои.




Не може, а да не се забележи сличноста на Шарлот Елизабета Дијана со нејзиниот брат – двегодишниот принц Џорџ.
