Лиам Стјуарт и Никол Артуковиќ објавија дел од официјалните свадбени фотографии.
Синот на легендарниот пејач Род Стјуарт и неговата избраничка позираа во црквата Св. Игнатиј во Дубровник, Хрватска. Невестата која е родена во САД, но има хрватско потекло, избра раскошна венчаница од хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ, која ја надополни со ракави од чипка и долг превез.
„Господин и госпоѓа Стјуарт. Нашата бајковита свадба... а сега, да живееме среќно до крајот на животот“ – напишаа тие.
На една од фотографиите, младенците позираат во Дубровник додека зад нив се гледа виножито.
Младенците избраа торта на три ката со јаготки. За вечерната свадбена прослава, Никол се пресоблече во кратка венчаница. Изненадување на вечерта беше настапот на Петар Грашо.