Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оливија Њутон-Џон сподели дека по третпат се соочува со рак и дека се лекува и природно со марихуана

Оливија Њутон-Џон сподели дека по третпат се соочува со рак и дека се лекува и природно со марихуана

Оливија Њутон-Џон повторно е исправена пред тежок здравствен предизвик. Ѕвездата од „Брилијантин“ отворено проговори за дијагнозата рак која ја добива по третпат во животот.

69-годишната актерка сподели дека се лекува со модерна медицина, но и со природни лекови, поточно со медицинска марихуана. Дополнително, таа го исфрлила шеќерот од својата исхрана поради што значително ослабела.

Освен што поминала низ радијација, таа користи масло од канабис, направено од нејзиниот сопруг, за да се справи со болката. „Се лекувам природно и ми оди многу добро. Во Калифорнија легално е да одгледуваш одреден број растенија за медицински цели. Па, мојот сопруг ми прави тинктури... тие ми помагаат за болката, ми помагаат да спијам. Многу сум среќна што живеам во земја каде тоа е законски“ – изјави таа.

Оливија Њутон-Џон

Оливија првпат се соочи со рак на дојка во 1992 година. „Го открив ракот на дојка кај себе за време на самопреглед и раното откривање ми го спаси животот. Жените треба да се самопрегледуваат секој месец за да се запознаат со своето тело и да забележат ако има промени“ - порача таа пред две години.

Во 2013 година, таа дозна дека ракот се проширил во нејзиното рамо, а минатата година ѝ беше пронајден канцер во крсната коска.

И покрај третиот удар од болеста, таа останува позитивна и смета дека ќе го победи. „Јас сум една во милиони во оваа борба. Не треба да велам борба, туку во ова патување. Многу луѓе го гледаат како борба. Јас го гледам како дел од мојата мисија. Верувам дека ќе го победам и тоа е мојата цел“ – додава таа во интервјуто за „Sunday Night“.

Минатиот месец, таа присуствуваше на прослава по повод 40 години од премиерното прикажување на „Брилијантин“.

Оливија Њутон-Џон Оливија Њутон-Џон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.