Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја покажаа својата хумана страна, донирајќи им училиштен прибор на сиромашни деца во училиште во Доминиканската Република, каде Родригез живееше неколку години со своето семејство.
При посетата на училиштето, славниот пар изгледаше елегантно и среќно и со насмевки ги поздравуваше учениците.


47-годишната пејачка, која беше облечена во фустан со тропски принт, размени нежни прегратки со неколку девојчиња и момчиња.




Училиштето било основано од страна на организацијата „Fundación MIR“ во 2010 година, со цел овозможување на образование на децата од сиромашни семејства.














Врската на Лопез и Родригез станува сè посериозна, а доказ за тоа е нивната одлука да ги здружат своите семејства за Велигден. 41-годишниот спортист сподели фотографии на кои ужива во друштвото на своите две ќерки и двете деца на Џеј Ло.


За време на посетата на Доминиканската Република, Лопез одржа свој концерт, а настапи и заедно со својот поранешен сопруг Марк Антони.









Џенифер со своите близначиња Еми и Макс беа фотографирани кога пристигнаа на аеродром.


