Џенифер Лопез со полна пареа ја продолжува промотивната турнеја за серијата „Shades of Blue“, а тоа значи и нова етапа на модниот маратон.
47-годишната ѕвезда пристигна во шоуто „Today“ облечена во син фустан од Емануел Унгаро и сребрени чевли од Касадеи.








За време на интервјуто, Лопез носеше креација од рускиот бренд Јанина и блескави обувки од Лобутин.

По повод шоуто на Сет Мајерс, популарната пејачка и актерка блесна во супер краток фустан.




Пред студиото, таа беше уловена во впечатливо палто.



Џенифер беше фотографирана и во црна комбинација додека излегуваше од својот стан во Њујорк.



Во студиото на „Build“, Џеј Ло се појави во шик комбинација која вклучуваше црна блуза од Зухаир Мурад, панталони од Мариса Веб и обувки од Кристијан Лобутин.








