Леонардо Дикаприо НЕ изненадува со љубовниот избор – повторно е во врска со млада русокоса. 20-годишната манекенка Камила Морони е новата девојка на 43-годишниот холивудски заводник.
Леонардо и Камила беа фотографирани заедно додека се упатуваа на роденденската забава на Елен Деџенерис.
Тие беа забележани од папараците и по Нова година додека слегуваа од приватен одмор по зимување на Аспен.
Покрај успешните модни ангажмани за познати брендови, Камила се обидува да се пробие и во филмскиот свет. Првата филмска улога таа ја доби во 2013 година.
Нејзината мајка, 38-годишната Лусила Сола, е во врска со 77-годишниот актер Ал Пачино.
Дикаприо претходно беше во врска со Нина Агдал, со која раскина во мај 2017 година.