Врската на Леонардо Дикаприо и Камила Морони станува сериозна. 43-годишниот актер и 20-годишната актерка беа уловени од папараците на прошетка во Њујорк.
Парот за првпат беше виден заедно во февруари оваа година, но се претпоставува дека врската започнала кон крајот на минатата година.
Романсата на Леонардо и Камила неретко е мета на критики поради разликата во возраста и фактот што нејзината мајка, Лусила Сола, е една година помлада од Леонардо.
42-годишната Лусила е во врска со 78-годишниот Ал Пачино.