Во изминативе денови, во српските медиуми се рашири веста дека Никола и Наталија Јокиќ наскоро ќе го добијат второто дете.
Наталија беше снимена на градскиот хиподром во Сомбор, каде на коњските трки учествуваше и коњ на нејзиниот сопруг Никола. Нејзиното големо стомаче веднаш го побуди интересот на медиумите и се дозна дека семејството Јокиќ ќе добие нов член.
Никола во моментов е во својот роден крај, каде поминува квалитетно време со семејството и се забавува со пријателите. Одекна и веста дека тој ќе биде дел од Летните олимписките игри во Париз, како дел од кошаркарската репрезентација на Србија.
Никола и Наталија се заедно уште од тинејџерските денови, а стапија во брак во октомври 2020 година. Тие имаат 3-годишна ќерка Огњена.