Кортни Кардашијан се породи. 44-годишната риалити ѕвезда и нејзиниот сопруг Тревис Баркер му посакаа добредојде на нивното прво заедничко дете.
Славниот пар доби синче, а среќната вест беше потврдена од нивни блиски личности.
Според анонимен извор за People, Кортни е пресреќна што го има во рацете своето четврто чедо. Во последниот триместар од нејзината бременост, направена беше итна операција на фетусот за да се спаси животот на бебенцето.
„Таа е пресреќна што сега може да го гушка нејзиното синче. Се чувствува благословена“ – изјавил изворот.

Минатиот месец, Кортни објави пост за да сподели како се чувствуваше за итната интервенција.
„Засекогаш ќе бидам благодарна на моите неверојатни доктори кои го спасија животот на нашето бебенце. Како личност која имала три лесни бремености во минатото, не бев подготвена за стравот од итна операција на фетусот. Сметам дека оние кои не биле на тоа место не можат да го разберат тоа чувство на страв. Сега имам ново разбирање и почит за сите мајки кои морале да се борат за своите деца во бременоста“ – напиша Кортни.

Корни и Тревис се верија во октомври 2021 година, а стапија во брак минатата година.
Кардашијан е мајка на три деца од бракот со Скот Дисик, а Тревис има две деца од претходен брак.



