Џенифер Лопез и на 47 години покажува дека е незапирлива. Како една од славните личности кои стојат на страната на Хилари Клинтон, популарната пејачка настапи на концерт посветен на кандидатката за претседател на САД од Демократската партија.
На сцената, музичка ѕвезда ги истакна своите добро познати облини во повеќе секси костими. „Let’s Get Loud“, „Get Right“, „Waiting For Tonight“ и „Love Make the World Go Round“ беа меѓу хитовите кои ги изведе Џеј Ло.




























На концертот настапи и поранешниот сопруг на Лопез, Марк Антони. Лопез и Антони моментално работат заедно на новиот албум на Лопез кој ќе биде на шпански јазик.




