Холивуд понекогаш бара нешто повеќе од добра глума. Шарлиз Терон е актерка која не се откажува кога има предизвик „трансформација во изгледот“. Филмската ѕвезда ја покажа посветеноста на кариерата, зголемувајќи ја телесната тежина за најновата филмска улога.
41-годишната актерка беше фотографирана од папараците на снимањето на филмот „Tully“. Се шпекулира дека таа намерно има качено над 15 килограми.













Во филмот, познатата Јужноафриканка е мајка на три деца, па беше фотографирана и додека глумеше трудница.



Ова не е првпат Терон да се здебели за филмска улога. Во 2003 година таа ja зголеми својата тежина за 14 килограми за портретирањето на серискиот убиец Ајлин Вуорнос во филмот „Monster“ за што доби Оскар во категоријата Најдобра актерка.




Во 2012 година, Терон си ја избричи главата за снимањето на „Mad Max: Fury Road“.

