Маријано Ди Вајо е популарен модел кој забрзува женски срца и благодарение на својот атрактивен изглед, има исплетено мрежа од над 6 милиони Instagram следбеници.
38-годишниот Италијанец го разубавува новото издание на „Vanity Fair“, а за фотосесијата, нему му се придружија бремената сопруга Елеонора и малото синче Нејтан Леоне.
Ѕирнете и како се снимаше фотосесијата.
Откако ја доби улогата на родител, згодниот модел честопати е нарекуван „најзгодниот татко на Instagram“.
Маријано и Елеонора на Св. Валентин објавија дека го очекуваат второто дете со фотографија на која малото синче го допира нејзиното трудничко стомаче. Парот стапи во брак во септември 2015 година.
Погледнете дел од нивните семејни фотографии.