И Џенифер Лопез и Алекс Родригез не го пропуштија МЕТ балот. Парот беше дел од „армијата“ славни личности кои парадираа на црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.
48-годишната пејачка и актерка носеше креација од Balmain додека насмеана позираше заедно со 42-годишниот поранешен спортист.
Џеј Ло позираше и со Оливие Рустан, креативниот директор на Balmain.