Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На Џесика Симпсон ќе ѝ платат 3 милиони долари за да слабее

На Џесика Симпсон ќе ѝ платат 3 милиони долари за да слабее

Во светот на славните речиси сè се врти околу парите. Освен што добиваат дебели суми за нивните таленти, тие можат да заработуваат буквално од сè. Сигурно сте слушнале дека секое присуство на славно лице на забава или модна ревија е добро платено, дека им плаќаат за да носат одредена дизајнерска облека, па дури и да користат одредена козметика.

Џесика Симпсон реши да го искористи својот селебрити статус и да извлече максимум од својата бременост. Таа ја „продаде“ првата фотосесија со својата ќерка Максвел Дру за 800.000 долари, а сега ќе го зголемува своето богатство преку слабеење.

31-годишната пејачка и телевизиска ѕвезда склучи договор со компанијата „Weight Watchers“, која ќе ѝ плати 3 милиони долари за да слабее по бременоста. Таа вчера го објави партнерството на Twitter преку пораката: „Многу сум возбудена што ќе бидам дел од семејството на Weight Watchers“.

ЏесикаЏесика во последните месеци од бременоста

Плановите на Џесика за слабеење со заработка започнаа да се кројат уште минатата година, кога таа преговараше за сума од 4 милиони долари, но според ABC News, крајната сума е еден милион помалку.

Претставник на компанијата го потврди партнерството со Џесика и изјави: „Пресреќни сме што Џесика Симпсон избра да се придружи во Weight Watchers, да прифати здрав начин на живот и да инспирира други да го направат истото... Не откриваме финансиски детали за односите со нашите амбасадори. Џесика ќе добие компензација за нејзиното време, но вистинските бенефиции се за нејзиното здравје, а тоа е бесценето“.

Кога пред два месеца беше објавена нејзината разголена фотосесија за „Elle“, Џесика на Twitter напиша: „Ова е последна шанса да ме видите „дебела“, т.е. бремена на насловната на Elle“. Тогаш таа призна дека тежи повеќе од 77 килограми.

Џесика за ElleЏесика за Elle

Џесика се породи на 1 мај. Најверојатно подолго време ќе биде отсутна од медиумската сцена, сè додека не биде подготвена да ја покаже својата нова фигура.

Џенифер Хадсон е најпознатото заштитно лице на „Weight Watchers“. Таа екстремно го промени својот изглед благодарение на оваа програма за слабеење.

Џенифер ХадсонЏенифер Хадсон пред и по големото слабеење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.