Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс имаат прекрасна новост. 29-годишната актерка и 39-годишниот актер му посакаа добредојде на овој свет на своето второ дете.
Релевантни странски медиуми ја потврдија среќната вест, но сè уште не е откриен полот на новороденчето.


Лајвли и Рејнолдс ја започнаа својата врска во октомври 2011 година, а го изговорија судбоносното ДА на 9 септември 2012 година. Холивудските ѕвезди имаат уште едно дете – ќеркичката Џејмс.




