Џенифер Лопез со секој свој потег ни покажува дека е незапирлива на професионален план. 47-годишната ѕвезда деновиве активно го промовира новото шоу за танцување „World of Dance“ во Њујорк.
Првиот бел стајлинг на Лопез вклучуваше фустанче брендот Jonathan Simkhai, бело палто и чантичка од Valentino.






Атрактивната пејачка и актерка беше гостинка во „Today Show“, каде се појави облечена во црно кратко фустанче од Ели Сааб.


Џеј Ло беше фотографирана и пред студиото со црно палто, чантичка од Шанел и обувки од Џими Чу.





Потоа, таа се пресоблече во бел припиен фустан кој и ги оцртуваше облините.


Кога заминуваше, Лопез беше фотографирана во бело палто, блескави обувки од Кристијан Лобутин и чантичка од Валентино.


На романтичен состанок со својот нов партнер Алекс Родригез, Лопез изгледаше шармантно во бежов стајлинг.


