Фахрие Евџен присуствуваше на „Jewellery and Watches Exhibition“ во Доха.
На настанот во катарската метропола, 35-годишната турска актерка шармираше во розов костум и бела маичка од Sagaza. Евџен кај нас се прослави со улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“.
На 18-тото издание од изложбата на накит и часовници во Доха учествуваа повеќе од 500 изложувачи од 10 земји.