Фахрие Евџен нанижи уште една година животно искуство. Убавата турска актерка, која кај нас е позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, го прослави својот 32. роденден.
Атрактивната ТВ ѕвезда е родена во Германија. Таа се пресели во Истанбул на 19-годишна возраст за да студира историја на Универзитетот Богазичи, каде дипломира во 2014 година.
Својата прва ТВ улога, Фахрие ја доби во 2006 година, а по кратко време стана дел од тимот на серијата „Кога лисјата паѓаат“, која е една од најгледаните турски серии. Оттогаш нејзината кариера се движи само по нагорна линија.
Евџен има и бројни модни ангажмани. Таа е заштитно лице на брендовите L'Oreal Paris и Koton.
Фахрие е во брак со актерот Бурак Озчивит со кого се венча минатата година.
По повод роденденот на Евџен, погледнете ги нејзините највпечатливи стилски моменти низ годините.