Блејк Лајвли ја започнува промотивната турнеја за филмот „Cafe Society“. Славната актерка беше фотографирана додека се упатуваше на настан за медиумите во Њујорк.

Шармантната трудница изнудуваше комплименти со модерен стајлинг. Фустанот од Џонатан Симкаи таа го надополни со минималистички сандали од Софија Вебстер и забавна чанта од Кристијан Лобутин.





28-годишната ѕвезда годинава промовира 3 нови филма („Cafe Society“, „The Shallows“ и „All I See Is You“). За шансата да има три интересни улоги таа коментираше: „Има само малку улоги за жени кои се динамични и интересни, па се чувствувам како вистинска среќничка што добив три. Се надевам дека на луѓето ќе им се допаднат овие филмови и дека ќе продолжам да го правам она што го сакам. Ако не, ќе јадам десерти по цел ден, очигледно.“






