Џенифер Лопез е буквално насекаде. Поради бројните професионални обврски, славната пејачка и актерка е редовна гостинка на холивудските свечености и промотивни настани.
47-годишната ѕвезда беше дел од панел дискусија на телевизијата NBC за серијата „Shades of Blue“.
Пред многуте фотографи, Лопез позираше самоуверено во модерно издание кое вклучуваше здолниште од Гучи, кошула со панделка од Осман и обувки од Кристијан Лобутин.










Згодната актерка беше фотографирана и со нејзиниот колега Реј Лиота.


