Џенифер Лопез е неуморна и незапирлива. На 47 години славната пејачка е буквално насекаде промовирајќи ја новата сезона од серијата „Shades of Blue“.
Музичката ѕвезда присуствуваше на повеќе телевизиски емисии и настани во еден ден, а не остана незабележана поради промената на своите стајлинзи.

На премиерата на втората сезона од криминалистичката серија, Џеј Ло заведуваше во комбинезон од пролетната колекција на Зухаир Мурад. Светкавата креација, таа ја искомбинира со сандали од Jimmy Choo и накит од брендовите Le Vian, Djula и Hueb.







Претходно, атрактивната музичарка беше фотографирана во модерен стајлинг кој вклучуваше блуза и здолниште од Saint Laurent, палто од колекцијата пролет/лето 2015 од Jenny Packham и очила за сонце од брендот Dita.





За снимањето на емисијата „The View“, Лопез избра црно-бело палто од Lilly e Violetta и обувки од Christian Louboutin.



За дружењето со Џими Фелон во неговото шоу, Џенифер се облече во комбинација од колекцијата есен 2016 на Sophie Theallet.


Црно-бела комбинација од Yanina Couture и обувки од Christian Louboutin станаа нејзин избор за шоуто „Live with Kelly“

