На Изабел Голарт воопшто не ѝ е потребен Фотошоп. Бразилскиот модел, кој соработува со Victoria’s Secret повеќе од 10 години, покажа дека е во врвна форма на плажа во Рио.
31-годишната манекенка се забавуваше со своја пријателка откако присуствуваше на спортски настан.
Голарт е позната по тоа што ја одржува својата фигура со многу напорни тренинзи. Таа редовно споделува на социјалните мрежи фотографии и видеа од комплексните вежби.