Списанието „Maxim“ оваа година титулата „Најжешка жена“ ѝ ја додели на Оливија Кулпо.
27-годишната поранешна Мис Универзум позираше целосно гола пред објективот на реномираниот фотограф Жил Бенсимон.
„Отсекогаш со восхит гледав на листата Maxim Hot 100. На неа, имаше толку многу паметни и успешни жени кои ме инспирираа мене и мојата кариера на безброј начини, што ја прави оваа насловна страница многу значајна за мене“ – напиша Кулпо на Instagram.
Оливија беше прогласена за Мис Универзум во 2012 година.