Кога маринецот Скот Мур објави видео на YouTube во кое ја поканува Мила Кунис да му биде партнерка на бал, многумина му се воодушевија на храброста, но никој не веруваше дека неговата покана ќе биде прифатена.
Но, благодарение на Џастин Тимберлејк, Скот на 18 ноември ќе ја има најатрактивната партнерка на балот.
Кога во текот на интервју за Fox411 Мила беше запрашана дали го видела видеото, Тимберлејк кој бил до неа ѝ се обратил со зборовите: „Го имаш видено ова? Имаш слушнато за ова? Мораш да го направиш тоа за својата земја!“.
По овој коментар на Џастин, Мила ја прифатила поканата и рекла: „Ќе одам“.
А еве го и маринецот Скот со својата покана: