Ким Кардашијан со рентген снимка докажа дека има природен задник за да им стави крај на шпекулациите дека има импланти. Сега и Меган Фокс реши да ја искористи тактиката „сликата вреди повеќе од илјадници зборови“.
25-годишната актерка објави фото-албум на Facebook, насловен како: „Работи што не можете да ги направите ако ставате Ботокс“. Нејзината цел е преку фотографии со различни фацијални изрази да покаже дека не користи Ботокс.
Албумот се појави на нејзината страница на Facebook само неколку дена по официјалното објавување на фотографиите од нејзината рекламна кампања за козметиката на Армани. На прекрасните фотографии атрактивната Фокс се појавува со различни типови шминка и презентира од природен до гламурозен изглед.