Меган Фокс е бремена со третото дете. Згодната холивудска ѕвезда беше фотографирана со трудничкото стомаче на филмски настан во Лос Анџелес, а извор близок на Фокс ја потврдил среќната вест.
На црниот тепих, таа позираше со својот колега Вил Арнет, со кој заедно глуми во „Teenage Mutant Ninja Turtles“. Црното кратко фустанче кое го носеше Фокс доаѓа од модната куќа Версаче.








29-годишната актерка во август минатата година објави дека се разделува од Брајан Остин Грин со кого беше во брак пет години. Славниот пар заедно има две деца.
Откако соопштија дека се разделуваат, Меган и Брајан многупати беа фотографирани заедно.

