Мајкл Даглас со огромно олеснување соопшти дека неговиот тумор исчезнал. Во интервју за Мет Лауер, 66-годишниот актер изјави дека го победил ракот на грлото.
„Се чувствувам добро, ми олесна. Туморот исчезна“ – задоволно признал Мајкл.
Во август минатата година докторите открија дека Мајкл има тумор на грлото и оттогаш тој се лекуваше со помош на радијација и хемотерапија. Пред два месеци се појавија застрашувачки фотографии од популарниот актер кои ги покажаа последиците од лекувањето.
Самиот Даглас во интервјуто открива дека изгубил скоро 15 килограми во текот на лекувањето, но дека сега состојбата значително му се подобрила и веќе успеал до одреден степен да ја зголеми тежината.
Даглас признал и дека сега повеќе ја цени љубовта и поддршката од неговото семејство и обожавателите.