Марк Антони наполни 56 години.
Славниот пејач го прослави својот роденден покрај двојно помладата сопруга Надја Фереира, која сподели фотографии од прославата. Таа беше облечена во сексапилна креација со чипка, која ѝ ја истакна фигурата.
25-годишната синоока убавица во 2021 година беше една од финалистките на Мис Универзум.
„Твојата среќа е моја среќа. Среќен роденден љубов моја“ – напиша таа на Instagram.
Марк и Надја стапија во брак во јануари минатата година, а во јуни се роди нивното прво заедничко дете. Марк има уште шест други деца. Тој беше во брак со Џенифер Лопез од 2004 до 2012 година.