Бредли Купер редовно поминува квалитетно време со ќеркичката Леа.
50-годишниот актер беше фотографиран на прошетка во Њујорк со 7-годишното девојче. На главата, двајцата носеа исти капи од омилениот тим на Бредли, Филаделфија Иглс. Бредли носеше темна јакна North Face x Gucci, додека Леа беше облечена во дебела розова зимска јакна.
Викендов, слаткото дуо татко-ќерка заедно навиваше за Филаделфија Иглс на натпревар во американски фудбал. Тие заедно славеа за победата.
Леа е ќерка на Бредли и моделот Ирина Шајк, кои се разделија во јуни 2019 година. Тој сега е во врска со Џиџи Хадид, која исто така има ќерка од врската со поранешниот партнер Зејн Малик. Според блиски извори до парот, нивните ќерки се дружат и поминуваат време заедно.