Линдзи Лохан учествуваше во фотосесија за германското издание на машката верзија на списанието GQ само една седмица пред да се најде зад решетки.
Проблематичната актерка опуштено се разголи пред објективите иако нејзиниот живот воопшто не тече најдобро. Во вторник таа ќе започне да ја излежува тримесечната затворска казна која ѝ беше досудена за многукратно нарушување на условната казна за возење во пијана состојба.
Но, пред да се предаде во рацете на полицијата, Линдзи ги користи сите можни средства за да си ја зачува слободата. Американскиот сајт RadarOnline објави дека како последен обид да остане надвор од затворска ќелија, Линдзи во средата се пријавила да престојува во институција која им помага на луѓето кои се борат да останат трезни.
Погледнете дел од фотосесијата во која ЛиЛо менува неколку костими за капење и позира топлес.