Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Линдзи Лохан за влакно избегна апсење

Линдзи Лохан за влакно избегна апсење

Вчера, само неколку часа откако Линдзи не се појави на закажаното сослушување во судот во Лос Анџелес, судијката Марша Ревел наредила издавање на налог за апсење.

23-годишната актерка се наоѓала во Кан, Франција, каде што во моментов е центарот на забавите на холивудските ѕвезди. Нејзиниот изговор што го пропуштила сослушувањето е дека пасошот ѝ бил украден од хотелската соба, иако стана јасно дека француската полиција нема добиено пријава за таква кражба.

Судијката Марша не го прифатила како релевантен изговорот на Линдзи, па освен налог за апсење, поставила и кауција од 100 000 долари. Веќе е направено исплаќање на 10% од кауцијата, што значи дека Линдзи овој пат го избегна влегувањето в затвор. Но, за навистина да го избегне апсењето таа треба да се појави во судот на новото сослушување закажано за понеделник.

Според условите кои биле изречени во судот, Линдзи не смее да пие алкохол, мора да носи белегзија којашто ќе ја следи консумацијата на алкохол и да прави тестови за дрога еднаш неделно.

Сепак, тоа не е целата драма. Вчера попладне Линдзи го обвинила својот татко за кражбата на нејзиниот пасош, т.е. тврди дека тој најмил човек да ѝ го украде пасошот. Преку испратен e-mail за UsMagazine, Линдзи соопштила: „Отсекогаш велев дека мојот татко е поврзан со ова“.

TMZ објави неколку фотографии кои јасно покажуваат дека Линдзи и не е многу загрижена за она што ѝ се случува во моментов, затоа што лудо се забавува во Франција.

Линдзи Лохан Линдзи Лохан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19719 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.