Линдзи Лохан пристигнала во женскиот затвор Century Regional Detention Facility во Калифорнија, а во текот на нејзиното спроведување останатите затворенички бурно ја бодреле и викале „Те сакаме“.
Проблематичната 24-годишна актерка била доведена со полициско возило преку приватен страничен влез, имала лисици на рацете и постојано плачела. А ако не ја расположила поддршката од затвореничките, тогаш сигурно информацијата дека ќе треба да отслужи само 14 дена од нејзината 90-дневна казна ѝ ги намалила солзите.
Линдзи не била поштедена од стандардните процедури, па била соблечена и ѝ бил извршен детален претрес на телото. Потоа била облечена во портокалова затворска униформа, но и покрај сè, собрала сила да се насмевне за нејзината затворска фотографија.
Младата Лохан ќе поминува 23 часа од денот во изолирана ќелија. На нејзиното мени ќе има шпагети со сос од месо и брокули. Ќелијата на Линдзи е веднаш до 19-годишната Алексис Најерс, којашто е осудена на 6-месечна казна за ограбување на домот на Орландо Блум.