Каја Гербер е новото лице на парфемот Daisy Marc Jacobs. За да прослави за своето прво учество во кампања за парфем, долгоногата ќерка на Синди Крафорд присуствуваше на промотивен настан во Лос Анџелес.
15-годишниот модел, кој е копија на својата славна мајка, позираше пред автомобил со цвеќиња во мини фустан со долги ракави од колекцијата пролет/лето 2017 на Марк Џејкобс и металик сандали. Својот изглед, Каја го комплетираше со колоритен мантил од врвниот американски дизајнер.




На настанот, Каја беше придружувана од својот брат Присли Гербер, кој исто така е модел.




Вчера беше објавено дека таа е и новото лице на модниот бренд Penshoppe.




