Кристијано Роналдо беше дел од добитниците на награди на „Globe Soccer Awards“ во Дубаи.
39-годишниот фудбалер беше придружуван од атрактивната Џорџина Родригез и најголемиот син Кристијано Џуниор. Славниот спортист носеше костум од Живанши додека ги примаше наградите Најдобар играч во Средниот Исток и Најдобар стрелец на сите времиња.
Роналдо и Џорџина споделија фотографии на социјалните мрежи.
„Не можеме да бидеме погорди“ - напиша Родригез.