Кристијан Бејл е вистински херој. Познатиот актер издвои од своето време за да израдува
Малиот Џејден Барбер имал желба да го запознае вистинскиот Бетмен, односно Кристијан Бејл, па група луѓе од Охајо направиле настан на Facebook, наречен „Lighting the Bat Signal for Jayden“.
„Оваа група е за да се оствари желбата на неверојатно 4-годишно момче кое се бори со рак, вторпат во неговиот живот“ – со оваа порака била објаснета целта на групата.
Кристијан не чекал долго пред да го израдува Џејден. Тој организирал малото момче и неговото семејство да отпатуваат во Дизниленд, каде што се сретнал со нив.
„Целата средба беше како стари пријатели да ручаат заедно. Зборуваа за филмови и супер херои и тој беше искрено среќен да слушне што Џејден има да му каже. Кристијан, неговата сопруга и неговата ќерка се три од најпрекрасните личности што некогаш сме ги запознале! Кристијан лично организира сè и се потруди да бидеме третирани како кралско семејство“ – изјавила мајката на Џејден за „Today“.
Најдобрата вест е што сега Џејден е во ремисија.
Ова не е првпат Бејл да направи добро дело за своите фанови. Тој ги посети повредените во масакрот во Колорадо, кој се случи за време на прикажувањето на „Dark Knight Rises“.