Филмот „Бетмен“ се снима во Ливерпул под строги протоколи и мерки за заштита.
На фотографиите од снимањето, Колин Фарел изгледа непрепознатливо.
Покрај Колин, на фотографиите се и Роберт Патинсон, кој ја има главната улога на Бетмен или Брус Вејн, како и Зои Кравиц, на која ѝ пропадна улогата на Кетвоман или Жена-мачка.
Во средата беше објавено дека продолжи снимањето на „Бетмен“, но неговото прикажување во киносалите беше одложено за март 2022 година поради пандемијата.
Трејлерот за филмот режиран од Мет Ривс беше објавен во август, а снимањето продолжи во септември откако беше прекинато во март поради коронакризата. За жал, по кратко време, тестот на Роберт Патинсон беше позитивен и снимањето беше повторно паузирано.