Forbes редовно составува листи со најуспешни славни личности од шоу-бизнисот. На врвот на листата на најплатени музички ѕвезди за изминатиот период застана Кети Пери, со годишна заработка од 135 милиони долари.
Најголемиот дел од профитот на 31-годишната пејачка доаѓа од нејзината светска турнеја „Prismatic“. Се проценува дека таа заработила по над 2 милиони долари од секој нејзин настап.
Второто место им припадна на One Direction. Момците од популарниот бенд од Лондон остварија приход од 130 милиони долари.
Листата е направена врз основа на заработката на сите музичари во периодот од јуни 2014 до јуни 2015 година.
Најплатени музички ѕвезди за 2015
- Кети Пери – 135 милиони долари
- One Direction – 130 милиони долари
- Гарт Брукс – 90 милиони долари
- Тејлор Свифт – 80 милиони долари
- The Eagles – 73,5 милиони долари
- Калвин Харис – 66 милиони долари
- Џастин Тимберлејк – 63,5 милиони долари
- Пи Диди – 60 милиони долари
- Fleetwood Mac – 59,5 милиони долари
- Лејди Гага – 59 милиони долари
- The Rolling Stones – 57,5 милиони долари
- Ед Ширан – 57 милиони долари
- Џеј Зи – 56 милиони долари
- Бијонсе – 54,5 милиони долари
- Елтон Џон – 53,5 милиони долари
Пол Макартни го зазеде 17. место со 51,5 милиони долари, Мајкл Бубле застана на 18. место со 45,5 милиони, а на Бруно Марс му припадна 22. место од листата, поради неговата годишна заработка од 40 милиони долари.
Познатото списание пред неколку месеци објави дека Тејлор Свифт и Калвин Харис се најплатен славен пар.