Вчера вечерта, по завршувањето на финалето на Евровизија, беа објавени поените од гласањето на двете полуфинални вечери.
Ѓоко Танески, иако ја претстави Македонија најдобро што можеше, успеа да се пласира само на 15-то место од 17-те кандидати кои учествуваа во првата вечер.
Само нашиот сосед Албанија одлучи да ни додели 12 поени. Босна и Херцеговина нè удостои со 10 поени, а Србија ни даде 8 поени. Молдавија го оцени настапот на Ѓоко со четири поени. По еден поен добивме од Исланд, Русија и Словачка и со тоа крајниот резултат на Македонија беше 37 поени, недоволно за пласман во финалето.
Мнозинството од нашите гласови отидоа за Албанија (12 поени), Србија (10) и Босна и Херцеговина (8).
Прво полуфинале
- Белгија (167 поени)
- Грција (133)
- Исланд (123)
- Португалија (89)
- Србија (79)
- Албанија (76)
- Русија (74)
- Босна и Херцеговина (59)
- Белорусија (59)
- Молдавија (52)
- Финска (49)
- Малта (45)
- Полска (44)
- Естонија (39)
- Македонија (37)
- Словачка (24)
- Летонија (11)
Второ полуфинале
- Турција (118 поени)
- Азербејџан (113)
- Грузија (106)
- Романија (104)
- Данска (101)
- Ерменија (83)
- Украина (77)
- Израел (71)
- Ирска (67)
- Кипар (67)
- Шведска (62)
- Литванија (44)
- Хрватска (33)
- Холандија (29)
- Бугарија (19)
- Словенија (6)
- Швајцарија (2)