Војвотката Кетрин присуствуваше на хуманитарен настан на организацијата „Place2Be“, фокусирана на менталното здравје на децата.
34-годишната сопруга на принцот Вилијам ги собра сите погледи додека со шарм и љубезност ги освојуваше присутните.



Додека се движеше меѓу гостите, Кетрин ѝ понуди утеха на расплакана мајка, чие 13-годишно дете има аутизам и Аспергеров синдром.


На лондонската свеченост, Кетрин се појави во црн фустан од брендот Preen. Речиси идентичен фустан од Preen, таа носеше на неодамнешната турнеја во Канада. Единствената разлика во фустаните е бојата.








„Цврсто верувам дека е апсолутно неопходно да се соочиме со проблемите колку што е можно порано за да спречиме тие да ескалираат во уште поголеми проблеми подоцна во животот... Без многу од инспиративните луѓе кои се собраа тука вечерва, безброј деца немаше да ја добијат трансформативната поддршка во нивните училишта... Колку и непобедливи да изгледаме на површината, сите нам ми треба помош одвреме-навреме“ – рече Кетрин во својот говор.

