По повод претстојните божиќни празници, на профилот на Кенсингтонската палата на Twitter беше објавена нова фотографија од принцот Вилијам, војвотката Кетрин и нивните две деца.
Со широки насмевки среќните родители позираат покрај 2-годишниот принц Џорџ и 7-месечната принцеза Шарлот во Кенсингтонската палата.
„Нова семејна фотографија – Среќен Божиќ од војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Војводата и војвотката многу ги ценат сите топли пораки кои ги добија за нивното семејство оваа година и со нетрпение чекаат да го прослават првиот Божиќ како четиричлено семејство“ – рекол портпарол на кралското семејство.
Кон крајот на минатиот месец, беа објавени фотографии од малата Шарлот, направени од самата Кетрин.