Во последно време многу работи се менуваат во животот на Кети Пери, а најголемата промена се разбира беше нејзиниот брак со комичарот Расел Бренд.
За да го прилагоди својот идентитет на новиот брачен статус, Кети Пери донесе одлука да го промени името по кое ја препознава цел свет.
Вчера, во шоуто на Елен Деџенерис, 26-годишната пејачка призна дека веќе тече процесот за промена на нејзиното име во Кети Бренд.
Кога Елен ја запраша дали веќе некој ја нарекува г-ѓа Бренд, Кети одговори дека луѓето ја нарекуваат така кога сакаат да добијат специјално внимание од нејзина страна.
Еве го дијалогот на Кети и Елен:
Кети во шоуто на Елен настапи во живо со нејзиниот хит „Firework“, кој се најде на врвот на топ листата Hot 100. Погледнете го настапот: