Кендал Џенер и Бела Хадид викендов го поминаа на луксузната јахта на дизајнерот Томи Хилфигер.
Славните модели се релаксираа со Хилфигер и неговата сопруга, а на луксузната јахта престојуваа и Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори.
Папараците го фотографираа големото друштво додека се упатуваше на вечера во Монако. Бела носеше жолт фустан додека Кендал беше облечена во комбинезон од колекцијата на Томи со Зендаја.