Кендал Џенер наполни 21 година. Славниот модел со прослава во Лос Анџелес го одбележа својот роденден.
За свеченоста, таа носеше краток фустан со длабоко деколте и разголен грб од брендот LaBourjoisie. Креацијата чини 9.000 долари.



„Знаев дека фустанот треба да биде WOW. Сакав да ја акцентира фигурата на Кендал, а истовремено таа да се чувствува секси и самоуверено додека го носи“ – изјавил главниот дизајнер на брендот.






Фустанот е инспириран во голема мера од изгледот на Парис Хилтон на нејзиниот 21. роденден.


На забавата присуствуваше семејството Кардашијан, како и многу други славни лица меѓу кои Синди Крафорд со ќерката и синот.






Истата вечер, Кендал беше фотографирана во црна креација од Џулен Мекдоналд.







