Катерина Скорсоне објави дека пред неколку месеци нејзината куќа изгорела во пожар.
41-годишната ѕвезда од „Grey’s Anatomy“ едвај успеала да се спаси себеси и своите деца откако почувствувала чад додека ги подготвувала за спиење. За жал, нивните четири миленици не преживеале.
Катерина има три ќерки – Елајза (10), Палома „Пипа“ (6) која има Даунов синдром и Лусинда (3).
Познатата актерка објави фотографии од изгорената куќа и од милениците кои загинаа во пожарот. Еве ја нејзината објава:
Пред неколку месеци, мојата куќа изгоре. Додека ги подготвував децата за спиење и ги завршував обврските пред легнување, чад почна полека да навлегува низ фугите околу кадата. Кога погледнав надолу во ходникот, река густ црн чад веќе се имаше оформено и ја исполнуваше куќата.
Едно нешто за пожарите: се случуваат брзо. Имав околу две минути за да ти извадам моите деца надвор од куќата. Излеговме и за тоа сум вечно благодарна.
Срцепарателно е тоа што ги изгубивме сите наши четири миленици. Сè уште тажиме поради таа загуба, но бевме среќници што можевме да ги сакаме сите.
Ова не е пост за пожарот. Ова е пост за заедницата. Ова е љубовно писмо за неверојатните луѓе кои ни помогнаа на неверојатни начини. Им благодарам на пожарникарите и детективите. Ѝ благодарам на мојата сосетка што одговори на моите панични тропања на нејзината врата. Им благодарам на родителите во училиштето на моите деца кои испратија играчки и книги, на моите пријатели кои ни испратија облека и средства, на моите сестри кои долетаа за да се справат со логистиката за јас да можам да бидам со моите деца. Му благодарам на мојот тим што направи сè да е полесно.
Она што го научивме е дека единственото важно нешто се луѓето (и суштествата) кои ги сакаме. Единственото важно нешто е заедницата. Немаше да бидеме тука без неа и многу сме благодарни. Ви благодариме.
Еве некои фотографии за да му оддадеме почит на местото што некогаш го нарекувавме наш дом, за да се збогуваме со животните кои нè сакаа премногу и да прославиме затоа што го имаме единственото нешто што некогаш ни требало: едни со други.
Со љубов,
Катерина
Нејзините колеги од популарната серија ѝ дадоа поддршка на социјалните мрежи.
Скорсоне е гласна кога станува збор за подигнување на свеста за Дауновиот синдром, кој го има нејзината средна ќерка. Минатиот месец таа сподели фотографии со неа на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
Таа е позната по улогата на Амелија Шепард во „Grey’s Anatomy“.