Калиопи го цени секој момент поминат со својата мајка.
57-годишната пејачка објави видео со снимки од денот поминат во природа со мајка си Марија. „Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам!“ – напиша македонската музичка ѕвезда.
Во позадина се слуша дуетот „Знам“ на Калиопи и Жељко Самарџиќ.
Видеото привлече многу коментари од нивни пријатели роднини. „Голем поздрав до тетка Марија, најубавата жена која ја паметам од детство“, „Прекрасни“, „Љубов голема“, „Мајка. Единствената именка која нема заменка!“ и „Прекрасни мајка и ќерка“ – се дел од коментарите на Instagram.




