Деми Мур изгледаше децении помладо на премиерата на нејзиниот најнов филм „The Substance“ во Лос Анџелес.
61-годишната актерка беше придружувана од трите ќерки кои ги има со Брус Вилис од кого се разведе во 2000 година. Таа носеше црвено-црна креација со длабоко деколте од Оскар де ла Рента. 36-годишната Румер и 30-годишата Талула избраа црни фустани, додека 33-годишната Скаут носеше кафеава креација.
Во „The Substance“ Деми има улога на ТВ аеробик инструкторка. Откако ќе биде отпуштена од работа, таа дознава за нешто што се вика „The Substance“. Тоа е серум кој може да ѝ овозможи да постои во помладо тело.