Моника Белучи беше дочекана во Венеција како вистинска дива. 51-годишната ѕвезда беше фотографирана додека пристигнуваше на 73-тото издание на најстариот филмски фестивал.
Облечена во тесен црн фустан кој ги прегрнуваше нејзините облини, Белучи грациозно се движеше пред новинарите.





Атрактивната Италијанка на фестивалот го промовира својот најнов филм „On The Milky Road“. За време на прес настан, таа шармираше во црн фустан со бордо детали и обувки од Кристијан Лобутин.






