Иги Азалија ги изненади своите фанови со веста дека стана мајка.
Со пост на својот профил на Instagram, 30-годишната раперка ги потврди гласините дека доби син.

Прочитајте ја нејзината порака:
Имам син.
Го чекав вистинскиот момент за да кажам нешто, но колку повеќе време поминува, толку повеќе сфаќам дека секогаш ќе чувствувам неспокојство кога споделувам толку џиновска вест со светот.
Сакам да го чувам неговиот живот приватен, но сакам да појаснам дека тој не е тајна и го сакам премногу.

Азалија моментално е во врска со раперот Џордан Картер, познат како Playboi Carti. Тие започнаа да се состануваат во 2018 година, а три месеци подоцна се вселија под ист покрив.



Азалија претходно беше верена со кошаркарот Ник Јанг, но раскинаа во 2016 година.

