Никол Кидман го придружуваше својот сопруг Кит Урбан на доделувањето на ACМ Awards, манифестација посветена на најдобрите во кантри музиката. На настанот кој се одржа во Лас Вегас, 49-годишната актерка блесна во креација од модната куќа Alexander McQueen.
Заљубениот пар се бакнуваше и се смешкаше на сиво-розовиот тепих, пред да се упати кон главната церемонија.




Својот стилски избор, холивудската ѕвезда го надополни со впечатлив накит од Fred Leighton.











Никол и Кит се во брак десет години. Заедно имаат две ќеркички, едната родена со помош на сурогат-мајка.
