Битолската публика синоќа уживаше во фантастичен концерт.
Силни емоции будеа песните отсвирени од Камерниот Оркестар на Битола ⋮IWConnect во чест на Тоше Проески и Пепи Бафтировски.
Хитовите на двајцата наши безвременски пејачи ги изведуваа Викторија Лоба, Бојан Маровиќ, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Александра Јанева, Сара Гигова и Марија Цветановска.
Камерниот Оркестар беше предводен од диригентот Владимир Димовски.
Погледнете дел од атмосферата на синоќешната концертна вечер:
Вечерва во 20 часот ќе се одржи и втор концерт на истата локација.
Концертите се во организација на Центарот за култура од Битола и се поддржани од Министерството за култура и Општина Битола.
Пред почетокот на музичкото шоу, говор одржа директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски.
Фотографии: Ивона Кочов / Femina.mk